Утрински Весник
Македонија

Министерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во Софија

615346080 1469624331835309 7006049406675237531 n.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на Коридорот VIII.

Во рамките на конференцијата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот VIII”, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж коридорот и на поширокиот европски простор.


Конференцијата претставува продолжение на досегашниот политички дијалог за Коридорот VIII, вклучително и министерскиот состанок одржан во Тирана во февруари оваа година.

На маргините на конференцијата е предвидена и билатерална средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.

Можете да прочитате

17-годишна девојка пријавила дека ја малтретирале невенчаниот сопруг, неговата мајка и 15-годишната сестра

Истуриле пепел по правење зимница, па избувнал пожар – интервенирале скопските пожарникари

УАПСЕН „КРАДЕЦОТ НА ВЕЛОСИПЕДИ“ ВО СКОПЈЕ: Полицијата одзеде 12 велосипеди