Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Растот на БДП ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто, очекуваме една од најниските инфлации во регионот

Miczkoskis.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната средба со претставниците на Светска банка и извештајот што тие го подготвија за Македонија, изјави:

„Да, вчера имав состаноци со претставници на Светска банка коишто се одговорни за нас како држава, за Македонија. Она коешто охрабрува е фактот дека ние сме единствената земја во регионот каде што нивелирањето, односно усогласувањето на проценката за раст е во позитивна насока. Односно, ја започнавме годината со 2,6% раст на бруто-домашниот производ, па потоа се нивелираше на 2,9%, за вчера да излезе на 3,2%. Иако јас сум убеден дека оваа година растот на бруто-домашниот производ ќе биде меѓу 3,5% и 4%, бидејќи во првото полугодие досега е 3,7%, по 3,1% во првиот квартал и 4,3% во вториот квартал. И очекувам да бидеме земја којашто ќе има, ако не најниска, меѓу најниските 2–3 инфлации во регионот и во Европа. И ако не највисок, тогаш меѓу првите пет со највисок пораст на бруто-домашниот производ во регионот и во Европа.”


Можете да прочитате

Светска банка: Македонија има потенцијал за побрз раст, клучни се инвестициите и структурните реформи

Битиќи: Населението старее, а притисокот врз пензискиот систем станува алармантен

Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027