Утрински Весник
Македонија

АКЦИЈА ВО БИТОЛА: Претрес во домот и канцеларијата на виш јавен обвинител

Img 5514.jpeg

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција обезбедил судски наредби за претрес на домот и службените простории на виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола.

Според информациите од Обвинителството, постојат основи на сомнение дека обвинителот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, предвидено во член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.


Претресите се вршат врз основа на судски наредби, а дејствијата на терен ги спроведуваат припадници на Министерството за внатрешни работи.

Од Обвинителството најавуваат дека повеќе детали за случајот ќе бидат соопштени по завршувањето на дејствијата, во текот на утрешниот ден.

Можете да прочитате

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија