Утрински Весник
Македонија

Левица: ФЗО го скрати боледувањето на 5 дена – правата на работниците мора да бидат заштитени со закон, а не со правилник

Levica.jpg

Соопштение на Левица:

Фондот за здравствено осигурување реши периодот во кој матичниот лекар може да одлучува без дополнителни услови го НАМАЛИ од 7 на 5 дена. Во услови кога ФЗО со години доцни со исплатите на боледувања и породилно, и кога Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски проблеми, власта најде „решение” – наместо да го средува хаосот во Фондот, да го стега работникот.


Затоа Левица најави дека ќе предложи Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, со кој првите 7 дена боледување ќе бидат ЗАГАРАНТИРАНИ СО ЗАКОН и матичниот лекар ќе може самостојно да ги утврдува по медицинска индикација, без можност ФЗО повторно да ги скрати со правилник. Со истиот закон се предлага и ЗАБРАНА ЗА ТЕРЕНСКИ КОНТРОЛИ, физички увид и проверки во домот на осигуреникот од страна на контролори на ФЗО или работодавачите.

НЕ МОЖЕ и НЕ СМЕЕ Управниот одбор на ФЗО со правилник да решава за основно право на работникот. Денес законот му дозволува на Фондот со свој општ акт да ги определува начинот, постапките, дијагностичкиот минимум и критериумите за боледување. Со тоа суштинско право се остава на милост и немилост на органот што треба да го спроведува, наместо да биде јасно заштитено со закон.

Работникот не го должи своето право на боледување ниту на Фондот, ниту на работодавачот. Тоа право произлегува од трудот и придонесите што ги издвојува секој месец. Во држава што се повикува на социјална заштита, првата обврска е да го заштити човекот кога е најранлив, а не да бара начини дополнително да му го отежнува животот. 

Најмалку што должиме кон работниците е овие права да ги ставиме во закон, наместо нивното здравје и егзистенција да зависат од волјата на Управниот одбор на ФЗО.

Можете да прочитате

Божиновска – Петрова: Нови чекори за зајакнување на енергетската соработка меѓу Македонија и Бугарија

Focus on the Road – засилени контроли на МВР за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња