Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: Разбиена меѓународна криминална група поврзана со нелегална трговија со дрога, пет лица се приведени

4 1.jpg

По спроведена истрага на Oдделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, разбиена е меѓународна криминална група поврзана со нелегална трговија со дрога. Пет лица се приведени и против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Акцијата започна по разузнавачка информација од Одделението за разузнавање, по што мобилни тимови од Одделението за оперативни работи преземаа оперативни дејствија и на граничен премин Дојран на излез од државата, спречија обид за нелегална трговија со 79 кг марихуана која требало да заврши на турскиот пазар.  Марихуаната беше запленета, а возачот, државјанин на Босна и Херцеговина беше приведен од страна на Одделението за истраги кое во соработка со ОЈО ГОКК започна темелна предистражна постапка со цел откривање на сите сторители.


Во предистражната постапка е утврдено дека камионот со кој управувал возачот од БиХ влегол во Македонија натоварен со железни профили кои требало да ги транспортира до Грција. По претходен договор со лица од Македонија, на однапред договорена локација извршен е претовар на марихуаната во камионот, по што истиот е пломбиран со пломба која возачот ја имал во себе. Истиот потоа го продолжил патот кон Грција преку граничниот премин Дојран, каде е пресретнат од мобилните единици.

Можете да прочитате

На Груби му истекува куќниот притвор, нуди имот од 335.707 евра за враќање на пасошот

Средба во Охрид со две врвни пијанистки

Најдена дрога во Тетово, уапсени две лица