Утрински Весник
Македонија

ХАОС ВО КАЗИНО ВО БИТОЛА: Четворица се степале, нападнале и обезбедувач

Img 5446.jpeg

Четири лица од Битола биле приведени рано утринава по тепачка во казино во градот, при што, според полицијата, бил нападнат и вработен во обезбедувањето.

Инцидентот се случил на 5 октомври околу 03:15 часот во казино на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола.


Полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Н.(40), Ш.К.(41), А.Ј.(29) и Д.Р.(34), сите од Битола.

Според пријавеното, четворицата го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а во еден момент физички нападнале и вработен во обезбедувањето на казиното.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Речиси 10 месеци во куќен притвор, а земал судиска плата – Ристов разрешен дури на 30 септември

НОВА ПОЛИЦИСКО-ОБВИНИТЕЛСКА АКЦИЈА: Приведувања и претреси за милионски злоупотреби во „Лотарија“

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година