Утрински Весник
Македонија

Дебарчанец запалил сува трева и предизвикал пожар

Lisiczi.jpg

На 04.10.2026 во 18:50 часот во дебарското село Бомово, полициски службеници од ОВР Дебар од слобода го лишија В.М.(40) од истото село.

Претходно било пријавено дека при чистење на неговата нива во атарот на селото запалил поголема количина сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил површина од околу 3000 метри квадратни.


Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа

Стафа тврди дека не му дал ниту евро на Ѓоко Ристов – Признав за да добијам поблага казна

Мрежата за заштита од дискриминација против предлогот за кратење на неработните денови