Утрински Весник
Спорт

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје

20261003093837 big 730x400 18.webp.webp

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (почеток од 20:45 часот) го игра натпреварот од 3. коло од Б1 групата од Лигата на Нациите. Во Скопје гостува селекцијата на Шкотска, која исто како и македонскиот национален тим на двата натпревара не постигна гол, но освои еден бод откако одигра 0:0 на гостувањето кај Словенија.

Избраниците на селекторот Гоце Седлоски се под голем притисок, на шест натпревари немаат постигнато гол, а последната победа е во Скопје против Лихтенштајн на 7. септември 2025 со 5:0. Притоа серијата без победа е цели десет натпревари (официјални и пријателски).


Седлоски критиките ги презеде на себе, но навивачите очекуваат гол, посакуваат победа.

И нашиот вечерашен ривал Шкотска е во криза, но нешто помала. По брзата елиминација на Светското првенство и Шкотска има нов селектор. На Мундијалот постигнаа една победа против Хаити (1:0), а имаа и два пораза од Бразил (0:3) и од Мароко (0:1), па така и Шкотска е четири натпревари без гол. Според најавите на вечерашниот натпревар тие ќе имаат и поддршка од околу 3.200 навивачи кои се во Скопје.

Вечерашниот натпревар го суди еден од елитните судии на УЕФА Французинот Франсоа Летексие.

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата