Утрински Весник
Магазин

Скопје една вечер живееше во духот на стариот Холивуд – спектакл на Atelier Per Sempre со мода, кабаре и гламур

99c6faa0 ed7e 472c 9321 e51f14531a2f.jpeg

Скопје на 30 септември беше домаќин на „The Haute Wed Gala 2026 by Atelier Per Sempre“, модно-сценски настан кој ги спои високата мода, музиката, кабарето и театарскиот перформанс во вечер инспирирана од гламурот на 20-тите години од минатиот век.

Во амбиентот на PARK by Ragusa, црвениот тепих, кадифените завеси, свеќниците, перјето и бисерите ја создадоа атмосферата на стариот Холивуд, додека гостите со својот дрес-код дополнително ја надополнија приказната на вечерта.


Во центарот на Gala-та беше новата колекција венчаници на Atelier Per Sempre. Наместо класична модна ревија, креациите беа претставени како дел од целосно сценско доживување, во кое модата се испреплетуваше со музика, танц и актерски перформанси.

Зад Atelier Per Sempre стојат Сандра Матеска Блат, организаторка на Gala-та, и дизајнерката Јасминка Стојановска, додека Ѓорѓи Петрушевски беше дел од креативната и режиска реализација на програмата.

Домаќин на вечерта беше актерот Жарко Димоски, кој беше дел и од музичко-актерскиот перформанс, а на сцената настапија и Полина Тасева и Ана Петановска. Целата програма беше осмислена така што публиката не присуствува само на модна ревија, туку станува дел од приказна која ја оживува естетиката на една друга епоха.

Годинашното издание на The Haute Wed Gala беше реализирано со поддршка на Swarovski како главен спонзор, како и Dekoracija Bajka, Kosich Studio, The Macallan, Tikveš Winery, SMS Construction, Nescafé, PARK by Ragusa, Phonolux, Fora.mk, MM Sweets, Croatia Airlines, Cloud Lab, Hecho a Mano, YOVA, KARE и Marie Claire Serbia.

The Haute Wed Gala се одржува втора година, а концептот на Atelier Per Sempre повторно ја претвори презентацијата на венчаници во целосно модно и сценско искуство, со амбиција на Скопје да му донесе вечер во знакот на високата мода и холивудскиот гламур.

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на ненасилство

Над 1,2 милијарди луѓе го користат „Чет-ГПТ“ неделно

Студија: Дивите животни имаат клучна улога во регулирањето на климатските промени