Утрински Весник
Македонија

Состанок на Министерството за односи меѓу заедниците и експерти за изработка на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

Moz 2.jpeg

Претставници на Министерството за односи меѓу заедниците и тематски експерти одржаа состанок за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032 со Акциски план. На состанокот беа разгледани целите, приоритетните области и мерките што ќе бидат опфатени во новиот стратешки документ. Шефот на Кабинетот и координатор на процесот, Шпенд Мурати, го презентираше текот на подготовката и значењето на придонесот на експертите во изработката на сеопфатна стратегија, усогласена со потребите на општеството.

Стратегијата има за цел унапредување на интеркултурниот дијалог, зајакнување на општествената кохезија, еднаквоста и учеството на сите граѓани во општествениот живот, како и промовирање на меѓусебното разбирање и почитување меѓу заедниците. Во рамките на Акцискиот план ќе бидат утврдени конкретни активности и индикатори за периодот 2027–2032 година, заедно со механизмите за нивно спроведување, следење и евалуација.


Стратегијата ќе ја изработи Министерството за односи меѓу заедниците, во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците, со професионална и техничка поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства во Хаг.

Можете да прочитате

Миноски: Нулта толеранција за корупција и крај на партизацијата – време е за нов систем

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа, минатиот месец бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто

МОН објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027