Утрински Весник
Скопје

Од утре зимско работно време на зонското паркирање во Скопје

Parking.webp.webp

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги известува граѓаните дека од утре (1 октомври) почнува зимското работно време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието.

Во зоните А, Б и Ц, работното време ќе биде од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот.


На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно од понеденик до сабота, од 7:00 до 23:00 часот.

Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје им препорачуваат на сите корисници навремено да ја извршат наплатата за паркирање и да го почитуваат работното време на зоните.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски со прв годишен отчет: Тековните обврски на Скопје намалени за 322 милиони денари

Инцидент во ТЦ Бисер, се бара смена на деценискиот претседател на Здружението на сопственици на дуќани

Меџити: Генерацијата од Битола ја исполни својата задача, наша одговорност е да обезбедиме квалитетно образование на албански јазик