Утрински Весник
Македонија

Хоџа: Безбедноста на животната средина бара силни институции и меѓународна соработка

Njh.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на Националниот семинар за безбедност на животната средина, кој се одржа во Скопје, во рамки на ЕУ твининг проектот за зајакнување на капацитетите за спроведување на законодавството за животна средина.

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека климатските промени, загадувањето, деградацијата на природата, отпадот, недостигот на ресурси и прекуграничните ризици сè повеќе се дел од глобалната безбедносна агенда.,,Ниту една земја не може сама да одговори на овие предизвици. Нашиот пристап мора да биде јасен: превенција наместо реакција, соработка наместо изолираност и институционална одговорност”, порача Хоџа.


Тој нагласи дека еколошката безбедност, владеењето на правото и борбата против криминалот се неразделно поврзани и посебно ја истакна улогата на инспекциските и другите надлежни органи во спречувањето незаконски активности кои можат да ја загрозат животната средина, здравјето и природните ресурси.

Во тој контекст, Хоџа порача дека државата останува посветена на јакнењето на институционалните капацитети и продлабочувањето на регионалната и меѓународната соработка за безбедна животна средина за сегашните и идните генерации. Според министерот, меѓународната соработка е оперативна потреба, особено во справувањето со прекуграничниот еколошки криминал, а особено важна е и соработката преку мрежи како Мрежата на ЕУ за спроведување и примена на законодавството за животна средина (IMPEL).

На семинарот се дискутираше за идните еколошки предизвици, вклучително и итните состојби, јавното здравје и климатските промени.

Во дискусиите учествуваа експерти и претставници од Северна Македонија, Грција и Шпанија.

Можете да прочитате

Двајца кандидати во трка за претседател на Апелацискиот суд Скопје

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси