Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за скандалот во „Македониумот” : Ќе побарам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со управниот одбор

85791b79 73fd b3b1 65dc cb13a24bb681.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случките во Македониумот, изјави:

„Ги следев тие реакции, навистина тоа коешто таму се случило, претставува нешто коешто не требало да се случи. Јас ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба бидат изнајмувани и користени за такви намени. Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен и се случил и ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Така што уште денеска ќе побарам да бидат, и челновите на управниот одбор и директорот на таа културна институција, разрешени.”


Можете да прочитате

Миланов: „Казино Аустрија“ нема ексклузивитет за автоматите, набавката на апаратите е целосно законска

Хоџа: Безбедноста на животната средина бара силни институции и меѓународна соработка

Уапсени осум лица фатени со дрога