Утрински Весник
Македонија

Oтворил резервоар од „порше“ и ставил непозната течност, кривична за Србин

Policija.webp.webp

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37) од Бујановац, Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети” по член 243 од Кривичниот законик.

Тој на 04.09.2026 пред угостителски објект во Струга, насилно го отворил резервоарот од патничко возило „порше” со охридски регистарски ознаки, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување на возилото по што избегал.


По преземени мерки, тој е лишен од слобода.

Можете да прочитате

Во Скопје изложба „Патот до слободата“ по повод 250 години од независноста на САД 

Клековски: Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот

Загина возач на магистралниот пат Струмица-Радовиш, со товарно возило излетал од патот