Утрински Весник
Свет

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп

Us iran.webp.webp

Претседателот на иранскиот парламент се закани со напади врз енергетската инфраструктура доколку продажбата на нафта на земјата остане блокирана, јави денеска државната новинска агенција ИРНА.

– Во регион каде што ние не можеме да продаваме нафта, никој нема да продава нафта. Ако нашата безбедност не е загарантирана, ниту една инфраструктура нема да биде безбедна, изјави Мохамед Багер Галибаф, пренесе ДПА.


Изјавата на Галибаф е одговор на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на Генералното собрание на ОН минатата недела, во кој тој повторно се закани со жестоки удари против Иран.

Американската војска од средината на јули спроведува поморска блокада за бродовите кои се обидуваат да влезат или излезат од иранските пристаништа, со што иранската трговија со нафта ја доведе до речиси целосен застој.

Укинувањето на блокадата се смета за централно иранско барање во преговорите со САД за ставање крај на војната.

Иран и сојузничките милиции изминатите месеци беа обвинети за напади насочени врз енергетската инфраструктура – вклучувајќи гасоводи и рафинерии – во сопственост на соседните арапски држави.

Можете да прочитате

Началник на Генералштабот на иранската армија: Хормуз е под наша „целосна контрола“

Руски војници масовно се предаваат по акцијата „Вивалди“ на украинската армија

Обилни дождови и поплави во Индија, загинаа најмалку 62 лица