Утрински Весник
Македонија

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија

Knigi.png

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на право на студентска стипендија, остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, дека рокот за аплицирање е од 1 до 30 октомври 2026 година.

За продолжување на правото на студентска стипендија, корисникот треба електронски да ги прикачи следните документи:


  • Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање;
  • Уверение со положени испити, издадено од факултетот;
  • Уверение за предвидени и положени испити (УППИ) – образец кој го пополнува и заверува факултетот, со наведениот успех од претходните години, како доказ дека студентот има положено 80%, односно 90% од предвидените испити, зависно од типот на стипендијата што ја користи, односно дека го одржал просечниот успех во студирањето, согласно договорот;
  • Индекс, од првиот запишан семестар до последниот заверен семестар.

·        Документите се прикачуваат електронски со соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk.

Можете да прочитате

Претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија

Хоџа на министерска средба во Рим: За водите ни требаат заеднички решенија, инвестиции и цврста регионална соработка

Поплавена зградата „Нова Македонија“ – објектот е без електрична енергија