Утрински Весник
Економија

Намаленото ДДВ за дизелот ќе продолжи до 12 октомври

Gorivo1.jpg

Mерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 проценти се продолжува до 12 октомври, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

-Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги. Реагираме навремено и одговорно, следејќи ги движењата на меѓународните пазари и преземајќи мерки кога тоа е потребно за да го заштитиме стандардот на граѓаните – објави на својот Фејсбук профил, Димитриеска-Кочоска.


Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните цени на горивата што ќе важат во следните седум дена.

Можете да прочитате

Костадиновска Стојчевска: Со новиот буџет власта ги крати парите за култура и ги гази правата на културните работници

Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард

Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите, ќе се прецизираат роковите