Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање

Petrushevski 2 1.jpg

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче и актуелното раководство секој ден се противат на сè што води кон економски раст и подобар животен стандард. Секој ден се противат на нешто и најавуваат блокади. Филипче вели дека СДС ќе го блокира отворањето на нови рудници. СДС е и против нови индустрии и дата-центри.


Исто така, секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде, и со речникот на Филипче, распродаде.

Со речиси секојдневните јавни настапи Филипче изгледа очајно, а очигледно има една цел, да се задржи на политичката сцена и ништо повеќе, бидејќи партијата му е во изумирање.

Со ова Филипче покажува дека нема капацитет разумно да расудува и да размислува. А има само еден факт и тој е јасен – токму криминалите и распродажбата на државата го сместија СДС во длабока опозиција.

Можете да прочитате

Привремен сообраќаен режим од петок до понеделник на автопатот Солун – Евзони

Пред изборите марширале со семејствата за „Пулс“, по изборите ретко доаѓаат, вели Наунов

Дали системот реагира навреме? Обвинителката Спасенка Андонова вечерва во 20:00 часот во „Ноќно студио“ на 4ТВ