Утрински Весник
Македонија

Со нож нападнат 14-годишен ученик во училишен тоалет на Бит Пазар

Noz.png

Четиринаесетгодишен ученик бил повреден со остар предмет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, на 24 септември 2026 година во 13:00 часот во СВР Скопје, Ф.А. (43) од Скопје пријавила дека истиот ден, околу 09:00 часот, нејзиниот 14-годишен син бил нападнат од негов соученик.


Инцидентот, според пријавата, се случил во тоалет во основното училиште. Соученикот го нападнал 14-годишникот со остар предмет, при што му нанел расекотина во пределот на раката.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали за околностите и причините за нападот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Филипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашање

Приведен жител на радовишко Калаузлија, подметнал пожар во селото

ДОМ: Струмичката Котлина не смее да се претвори во рударска зона