
Прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
Венко Филипче и талогот од СДС деновиве се обидуваат да покажат наводна загриженост, па предлагаат закони за земјоделците, за минималната плата, а вчера збореа биле загрижени и за пензионерите. Исто така покажуваат загриженост дека бил загрозен македонскиот идентитет, и дека Македонија била изолирана.
Но, му верува ли некој на Филипче? Има ли воопшто простор да му се верува? Секако дека не!
А зошто? Затоа што по сите криминали од периодот на владата на СДС, како и сите жртви од модуларната болница во Тетово и од короната кои му се багаж на Филипче не може да му се верува. А граѓаните паметат и кој ја распродаваше државата.
Од друга страна, граѓаните гледаат каква промена настанува во Македонија. Деновиве премиерот Мицкоски од САД најавува дополнително продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата центри, и енергетика.
А Филипче со партискиот учител и другар Зоран Заев ќе останат познати само како лица кои додека беа на власт се грижеа само за личните интереси и попатно распродаваа се од Македонија.
Во оваа ситуација понудата од талогот на СДС се само лаги и хистерија, затоа овој период е најдобро да се посветат на консолидација и да се преиспитаат што може да направат освен да се шетаат во Дубаи и по Егејот.



