Утрински Весник
Македонија

По три недели борба за живот почина 13-годишникот повреден со нож во Чаир

Policzija soobrakajka.jpg

Трагичен крај на случајот што ја потресе јавноста – почина 13-годишното дете од Скопје кое пред околу три недели беше тешко повредено со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ пишува тетово1.мк

Инцидентот се случи на 31 август околу 22 часот, кога дошло до физичка пресметка меѓу две групи. Во тепачката биле вклучени пет лица, од кои четворица малолетници и едно полнолетно лице.


Според тогашните информации од Министерството за внатрешни работи, при пресметката биле употребени ножеви, а полицијата подоцна одзела три ножа, гумена палка и други предмети.

Во инцидентот биле повредени повеќе лица, а 13-годишното дете се здобило со исклучително тешки повреди. По настанот беше хоспитализирано во критична состојба и лекарите се бореа за неговиот живот.

По околу три недели борба, детето им подлегнало на повредите.

Веста за смртта на 13-годишникот беше објавена доцна на 23 септември од повеќе медиуми на албански јазик.

Случајот повторно го отвора прашањето за насилството меѓу малолетниците и употребата на ладно оружје во пресметките меѓу млади лица.

Можете да прочитате

Петрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон

Од претензии до договор: Гренланд како победа на дипломатијата

Филипче: Македонија не е на продажба — СДСМ ќе го блокира отворањето нови рудници