Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за пожарот во „Железара“ – зафатени две бараки

Whatsapp image 2026 09 22 at 17.12.04.jpeg

Пожар избувнал вчера попладне во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје, при што биле зафатени две бараки со разни предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, на 22 септември 2026 година во 17:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во кругот на фабриката.


Во моментот кога избувнал пожарот, во објектот имало лица кои работеле. Тие најпрво забележале чад, по што набргу се појавил и пламен.

Огнот зафатил две бараки во кои имало разни предмети.

На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која успеала да го локализира пожарот и да спречи негово понатамошно ширење.

По гаснењето на пожарот бил извршен увид. Во полициското соопштение не се наведуваат причините за избувнувањето на огнот, ниту висината на причинетата материјална штета.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол