Утрински Весник
Македонија

Фадиљ Пушкољи приведен во Македонија, неколку часа подоцна ослободен

Screenshot 23 9 2026 83238 www.facebook.com .jpeg

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Фадиљ Пушкољи, синоќа бил приведен на граничниот премин Блаце при влез од Косово во Македонија, а по разговор и испрашување од полицијата бил пуштен на слобода.

Танјуг првично објави дека Пушкољи бил приведен врз основа на потерница издадена од Србија, додека порталот „Коха“ објави дека случајот се случил на граничниот премин Блаце.


За приведувањето првично информираше и самиот Пушкољи преку својот профил на Фејсбук. Тој тврдеше дека постапката против него била поврзана со неговото поранешно членство во ОВК и побара реакција и помош од институциите во Косово.

Неколку часа подоцна Пушкољи повторно се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека е пуштен на слобода по извршениот разговор и испрашувањето од македонската полиција.

По ослободувањето тој јавно ѝ се заблагодари на македонската полиција за односот кон него во текот на постапката, а посебно ги истакна полицајците Албанци.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на Северна Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка“, напиша Пушкољи.

Според досега објавените информации, Пушкољи по полициското испрашување ја продолжил постапката како слободен човек.

Засега нема јавно објавено официјално соопштение од македонските надлежни институции со повеќе детали за правната основа за неговото приведување и причините поради кои потоа бил пуштен на слобода.

Можете да прочитате

Претрес во Скопје, пронајдена дрога и фалсификувани пари, уапсен 46-годишен маж

Откриена нелеглана плантажа на канабис во струмичко, одземени 680 килограми стебла, приведени две лица

За пет часа казнети 75 возачи за непочитување на правилата за првенство на минување