Утрински Весник
Спорт

Струга реди домашни победи без примен гол

20260921175545 big 730x400 16.webp.webp

Во претпоследниот натпревар од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга го совлада попладнево Арсими со 6-0 (0-0) и го продолжи максималниот ефект пред своите гледачи.

До својата петта едноподруго победа без примен гол на домашен терен, Струга дојде во второто полувреме, предводена од тројниот стрелец Радески (57, 66, 75), а во листата на стрелци се запишаа и Алији (66), Рочи (80) и Шабани (88).


Арсими ги одигра завршни 30. минути од натпреварот со фудбалер помалку поради исклучување на Мислими.

Прволигашкото коло в среда ќе го комплетираат Брегалница и Скопје.

Табела: Шкендија 19, Струга 17, Вардар 14, Тиквеш 13, Шкендија Арачиново 13, Силекс 9, Арсими 8, Брегалница 7 (-1), Башкими 4, Скопје 3 (-1).  

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА