Утрински Весник
Свет

Погоден танкер во Ормуска Теснина

Tankeri.webp.webp

Британскиот центар за поморски трговски операции (УММТО) соопшти дека е погоден танкер од „непознат проектил“ додека се движел кон Ормуска Теснина, при што се повредени двајца членови на екипажот.

УКМТО наведе дека бродот го продолжува своето патување кон следното пристаниште со сопствен погон.


Нема непосредни извештаи за какво било влијание врз животната средина.

Техеран ја презеде контролата врз голем дел од Ормуска Теснина откако САД и Израел го нападнаа на 28 февруари.

Пред војната низ Ормуска Теснина поминуваа околу 20 милиони барели нафта секој ден, што е околу една петтина од светските резерви. Некои танкери повторно минуваат низ Ормуска Теснина, но обемот на сообраќај е многу помал.

Можете да прочитате

„Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците

Единаесет земји-членки на ЕУ бараат ЕУ да не носи нови прописи сè додека не се реализираат постоечките

По тешкиот пораз Мерц најавува осврт на „темелните прашања“