Утрински Весник
Свет

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за носење бурки и никаби во италијанските училишта

Meloni.webp.webp

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека наскоро до владата ќе предложи мерка со која ќе се ограничи бројот на странски ученици во училишните одделенија и ќе се забрани носењето бурки и никаби во училиштата.

Мелони ова го изјави пред младинската организација на нејзината партија „Италијански браќа“, наведувајќи дека со мерката исто така ќе стане задолжително изучувањето на италијанскиот јазик за родителите на странските ученици кои имаат „сериозни тешкотии при интеграцијата во училишниот систем“.


– За нас, секој што доаѓа во Италија и сака да ја гради својата иднина тука, мора да го научи нашиот јазик, да ја разбере нашата култура и да ги почитува нашите правила. Тоа е единствениот сериозен начин да ги пречекаме – истакна Мелони.

Откако ќе биде одобрена од владата, мерката ќе треба да добие и парламентарно одобрение во рок од 60 дена за да стапи во сила како закон. 

Можете да прочитате

Единаесет земји-членки на ЕУ бараат ЕУ да не носи нови прописи сè додека не се реализираат постоечките

По тешкиот пораз Мерц најавува осврт на „темелните прашања“

Двајца кинески генерали исклучени од армијата и од Комунистичката партија