Утрински Весник
Македонија

Приведени 19 возачи, 10 возеле под дејство на алкохол, 8 без положен возачки испит

1789910314 policija.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 19 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, поради возење под дејство на алкохол од слобода се лишени М.Р.(24) од скопско, Н.К.(23) од демирхисарско, Х.Т.(20) од Битола, Ф.А.(24) од Куманово, С.И.(33) од кумановско, З.Л.(49) од Свети Николе, Г.С.(45) од Делчево, Г.Ч.(48) од Кавадарци, 26-годишната К.Р. од Кавадарци и 34-годишната З.Б.П. од Велес.


Осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.В.(47) и М.Ј.(23), двајцата од Скопје, Б.И.(20) од с.Драчевица, скопско, Р.Т.(18) од Гевгелија, З.Х.(59) од с.Локвени, прилепско, А.Р.(34) од с.Горна Речица, тетовско и двајца 16-годишници од гостиварско.Додека пак, поради возење со активна забрана за управување моторно возило од слобода е лишен И.Б.(39) од Скопје.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Функција или платена функција? – 24info.mk

Пијан Мексиканец нападнал полицаец со тврд предмет во паркот во Ѓорче Петров

17-годишна девојка почина во сообраќајка на патот Битола – Прилеп