Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

Tri biseri3.jpg

Општина Аеродром продолжува со уредување и модернизација на јавните површини. Градоначалникот Дејан Митески и пратеничката Катерина Димитровска денеска извршија увид во тековните активности кај „Три Бисери“, каде што просторот по неколку децении добива целосно нов изглед, но, што е најважно, побезбедни и пофункционални услови за сите генерации. Станува збор за простор со голема фреквенција на граѓани во текот на целиот ден, поради што неговото уредување е од особено значење за жителите на овој дел од Аеродром.

Во рамките на активностите, старите, искршени и дотраени плочки на големиот плочник и на пешачките патеки, по повеќе децении, се заменуваат со нови. Со тоа просторот добива поуреден изглед, а граѓаните добиваат побезбедни услови за секојдневно движење.


Уредувањето продолжува и со поставување ново и современо детско игралиште, со кое најмладите жители од овој дел на Аеродром добиваат ново место за игра, забава и безгрижно детство.

Покрај тоа, по повеќе децении се уредуваат и постојните бетонски клупи, на кои се монтирани квалитетни дрвени даски за седење. Со ова се создава поудобен и попријатен простор за одмор, разговор и дружење за сите генерации.

Дополнително, просторот ќе биде збогатен и со нови метални држачи за велосипеди, со што јавната површина ќе стане уште пофункционална и подобро прилагодена на потребите на граѓаните.

Активностите кај „Три Бисери“ се дел од пошироките вложувања на Општина Аеродром во урбаната опрема и уредувањето на јавните површини. Во повеќе делови од општината се поставуваат нови клупи, а се обновуваат и поставуваат целосно нови детски и спортски игралишта.

Општина Аеродром продолжува чекор по чекор да ги уредува јавните простори и да создава функционални, безбедни и пријатни места за секојдневниот живот на граѓаните.

Можете да прочитате

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар – вака Ѓорѓиевски го води Скопје

Герасимовски: Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар, поддршка за талентот, успехот и развојот на младите