Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Живите статуи повторно во Центар, десет години „Статуафест – Другото лице на улицата”

Whatsapp image 2026 09 16 at 08.28.11.jpeg

Општина Центар најавува нов перформанс на Театроск  „Статуафест – Другото лице на улицата”. Фестивалот годинава го слави своето десетто, јубилејно издание. Ќе се одржи на ул. „Македонија” и на плоштадот „Македонија” на 17, 18 и 19 септември, со почеток во 18.30 часот.

„Театроск е долгогодишен партнер на културната сцена на нашата општина. Години наназад, проектот ,,Центарски улици” со своите живи статуи и креативниот пристап дава посебен белег на јавниот простор во срцето на градот. Горди сме што неделава заедно славиме една деценија од овој уникатен фестивал што ја облагорадува урбаната монотонија  во која секојдневно се движиме, создавајќи амбиент што наликува на европска метропола. Општина Центар веќе 4 години финансиски ги  поддржува „Центарски улици”, проект кој наиде на одличен одзив кај  скопјани “, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасиовски.


Во трите фестивалски денови на Статуафест ќе бидат поставени 15 улични акти со живи статуи, си учество на  над 20 артисти од продукцијата на „Театроск”.

Покрај живите статуи, на фестивалскиот простор ќе биде поставена и уметничка инсталација „Силуети од минатото” на Горан Казанковски, како и  ликовна изложба на уметникот Ненад Рафајловски.
Општина Центар оваа година издвои еден милион денари од буџетот за перформансот „Центарски улици”, како поддршка и  промоцијата на младите македонски  уметници, улични перформанси и музички изведувачи.

Можете да прочитате

За граѓаните до 22 часот, за кафеаните до 1 по полноќ – нови правила за фрлање ѓубре во Скопје

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Утре во Скопје посебен сообраќаен режим поради празникот Задушница