Утрински Весник
Свет

Британец призна дека повеќе од 20 години ја дрогирал и силувал сопругата

Policija uk.webp.webp

Британец од северна Англија призна дека повеќе од две децении ја дрогирал и силувал својата сопруга во нивниот дом.

Лицето кое е во шеесеттите години, ја призна вината непосредно пред почетокот на судењето пред Кралскиот суд во Манчестер. Неговото име не се објавува за да не се открие идентитетот на неговата сопруга која има право на доживотна анонимност.


Тој признал вина по уште 45 точки од обвинението, откако претходно веќе признал 15 кривични дела.

Меѓу признатите кривични дела се 21 точка за силување, 15 за сексуален напад со пенетрација, 11 за сексуален напад и една за споделување интимни снимки без согласност. Кривичните дела биле извршени во периодот од 2004 до 2025 година.

Британецот признал и дека на сопругата ѝ давал седативи и супстанции за да ја онесвести. Обвинителите наведуваат дека жената повеќепати била силувана и сексуално злоставувана во нејзиниот дом додека била во бессознание.

Во истиот случај се обвинети уште десетина мажи на возраст од 28 до 74 години, кои се товарат за сексуално злоставување на жената во периодот од 2018 до 2025 година, вклучително и за силување. Сите ги отфрлаат обвиненијата.

„Нашиот фокус останува на обезбедување поддршка за жртвата на оваа ужасна кампања на злоставување во текот на многу сложената истрага“, изјави помошникот началник на полицијата на поширокиот Манчестер, Рик Џексон.

Тој додаде дека жртвата и натаму добива специјализирана помош.

Судењето на останатите обвинети треба да се одржи пред истиот суд и се очекува да трае неколку месеци. 

Можете да прочитате

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка

Вонредна седница на СБ на ОН за теснината Баб ал-Мандеб

Пентагон првпат призна недостиг од муниција во војната против Иран