Утрински Весник
Македонија

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети, во август 606 прекршоци и одземени 18 електрични тротинети

Zasileni soobrakjajni kontroli za elektricni trotineti vo avgust konstatirani 606 prekrsoci odzemeni 18 elektricni trotineti image.jpg

Министерството за внатрешни работи- Сектор за сообраќајни работи во текот на минатиот месец (август) спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети), при што се констатирани 606 прекршоци. Од нив, 162 санкции се изречени за неносење рефлектирачко елек при управување електричен тротинет во ноќни услови, 134 поради некористење велосипедска или пешачка патека, 59 поради некористење заштитен шлем, 45 поради превезување на две лица, 20 за малолетници кои управувале електричен тротинет итн. При тоа, одземени се 18 електрични тротинети во времетраење од 30 дена. 

Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 236, потоа СВР Скопје – 97, СВР Струмица- 82, СВР Охрид – 57, СВР Тетово -27, СВР Велес-18, СВР Штип-13, СВР Куманово – 7 и 69 од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.


Во текот на контролите констатирани се и 3665 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Можете да прочитате

Две млади девојки се степале во Центар, кај едната полицијата пронашла остар предмет

Филипче: Во најкус рок ќе поднесеме предлог во Собранието за помош на лозарите

Заталкан куршум рани скопјанка во Драчево – погодена во рамото додека била во дворот