Утрински Весник
Свет

„Вашингтон пост“: Кенеди-центарот пред банкрот, можно е да биде затворен уште утре

20260914090006 big 730x400 66.webp.webp

Раководството на Центарот за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“ предупредува дека установата е пред банкрот и дека би можела да биде затворена уште утре, објави весникот „Вашингтон пост“.

Раководството на установата назначено од американскиот претседател Доналд Трамп, тврди дека поставувањето на името на Трамп на фасадата на зградата можеби е единствениот начин да се избегне непосреден и „сигурен финансиски колапс“, објави весникот, повикувајќи се на документи до кои дошол.


Според извештајот што го подготвиле членовите на Управниот одбор на установата, Кенеди-центарот за неколку недели повеќе нема да може да ги исплаќа вработените ниту да ги покрива трошоците за одржување. Извештајот е подготвен пред состанокот закажан за утре.

„Вашингтон пост“ наведува и дека Трамп ќе му помогне на Кенеди-центарот доколку му биде признаена улогата во неговото управување.

Извештајот на Управниот одбор претставува нова фаза во преземањето на Кенеди-центарот од страна на Трамп, кој од неговото поставување за претседател минатата година се соочува со финансиски проблеми, превирања во раководството и судски спорови, пишува весникот.

„Вашингтон пост“ истакнува и дека вмешувањето на Трамп во работата на Кенеди-центарот, вклучително и додавањето на неговото име на зградата, го отежнало собирањето средства и продажбата на билети.

Можете да прочитате

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија

Во Пекинг е забрането поседувањето дронови

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела