Утрински Весник
Македонија

На влезот во Кочани поставен и осветен 17-метарски крст во спомен на жртвите од „Пулс“

Screenshot 20260913 200614 messenger.jpg

На самиот влез во Кочани, во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, поставен е спомен-крст висок 17 метри и широк 12 метри, во чест на 63-те лица што ги загубија животите во трагедијата од 16 март 2025 година.

Крстот беше осветен од митрополитот Брегалнички Иларион, заедно со свештенослужителите од храмот „Св, великомаченик Георгиј“ во Кочани. Во својата порака, митрополитот нагласи дека обележјето ќе остане траен симбол на сеќавањето, болката и страдањето предизвикани од настанот, и изрази молитви за здравје, сила и поткрепа за повредените.


Изградбата на спомен-крстот е реализирана со поддршка на Брегалничката епархија, општествено одговорни компании и Општина Кочани. Општината ја обезбеди проектната документација и потребното одобрение за поставување на обележјето.

Трагедијата во „Пулс“ се случи на 16 март 2025 година, кога во разорен пожар загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Спомен-крстот на влезот во Кочани ќе остане како траен белег на најтешката несреќа што го погоди градот, место за сеќавање на згаснатите животи и потсетник на болката што остана зад нив.

Можете да прочитате

Маж пронајден починат во стан во Аеродром

Во Скопје уапсени седум лица со дрога

Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: Модернизиран команден центар, „Безбеден град” ставен во функција, значително намален бројот на жртви во сообраќајот