
Лидерот на Движењето Самоопределување и премиер на Косово во технички мандат, Аљбин Курти, повторно е носител на мандатот за формирање на новата Влада на Косово, врз основа на декретот што денес го потпиша вршителот на должноста претседател на Косово, Албуљена Хаџију, претседател на Парламентот.
„Во согласност со Уставот на Косово и предлогот на Движењето Самоопределување, го назначив г-динот Аљбин Курти за мандатар за формирање на Владата на Косово“, изјави Аљбуљена Хаџија во соопштение на социјалните мрежи, по што закажа вонредна седница на парламентот посветена на изборот на новата Влада на Косово за 14 часот.
Албуљена Хаџију му посака на Курти успех во извршувањето на одговорните должности што произлегуваат од довербата на граѓаните, како и што поскоро формирање на Владата, пренесува РТК.



