Утрински Весник
Македонија

Полицаец нападнат и влечен од возило кај ГП Блаце

Policija.jpeg

На 12.09.2026 околу 17:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во правец од Граничниот Премин „Блаце” кон Скопје на место викано „Вражји вир”, полициски службеници од РЦ Север-ОПКМ забележале товарно возило „фолксваген транспортер” со странски регистарски ознаки кое било натоварено со разновидна криумчарена стока и се обиделе да го сопрат, но возилото продолжило со движењето.

Откако полициските службеници по кратко време го сопреле, при обид возачот да биде приведен дошло друго возило од кое излегло едно лице и физички нападнале еден од полициските службеници кој потоа едно од лицата го фатило за раката и бил влечен со возило кое другото лице го управувало, по што бил пуштен и при падот се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Можете да прочитате

Две лица тешко повредени откако со „мерцедес“ излетале од патот

Седум возачи уапсени – возеле без положен возачки испит, под дејство на алкохол и со активна забрана за управување

ТХП прослави 27 години постоење