Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Има само една банда – ВМРО-ОКГ и нејзиниот шеф арамија Мицкоски

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Шефот на организираната криминална група ВМРО, Христијан Мицкоски, вчера изрече една реченицата која ќе остане како автопортрет на оваа власт:


„Нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе марихуана економија, нема веќе провизии од Лотарија… Нема…”

Нема мали банди точно, има само една голема, таа контролира се.

Нема повеќе улични банди- има партиска.

Нема рекет од страна – рекетот сега има печат, кабинет и прес-конференција.

Нема повеќе провизии од Лотарија „на црно” – има систем во кој државата е плен, 5,5 милиони евра а Лотаријата се води како приватна фирма на ВМРО-ОКГ.

Нема повеќе марихуана економија како изговор – има монопол на лажната приказна дека криминалот исчезнал затоа што сега тие го водат. 

Затоа пет тони марихуана поминуваат граница и царина кон сестринската СНС и Вучиќ без задржување, уште и со полициска придружба.

Криминалот и корупцијата сега имаат име и презиме: арамија Христијан Мицкоски.

Мицкоски не објави резултат. Објави капитулација на институциите. 

Кога шефот на владата излегува и вели дека криминалот го нема, тоа не е биланс. Тоа е легализација на криминалот и корупцијата.

ВМРО-ОКГ две години ја градеше државата како криминална мрежа: свои луѓе во тендери, свои луѓе во судството и обвинителството, свои луѓе во безбедност – МВР и АНБ, свои луѓе во игри на среќа, свои луѓе во енергетика, свои луѓе поставени низ целиот државен апарат.

Потоа излегува премиерот и вели – нема банди. 

Бандата е на власт. Нема конкуренција на улица кога улицата ја држи кабинетот.

И додека Мицкоски ги раскажува своите економски бајки, граѓаните ги плаќаат сметките и гледаат како власта си купува слика на лажен ред, а одговорноста за аферите секогаш завршува кај претходните.

Класичен метод на организирана криминална група: укради го наративот, па укради ги и доказите.

Криминалот не исчезнува со изјава. Исчезнува со истрага која не застанува пред презиме, функција и партиска книшка.

5,5 милиони евра од лотарија, милиони во енергетика, во јавни набавки и безбедносни служби не се ПР-теми. Тоа се канали низ кои ВМРО-ОКГ ја држи државата.

Кој денес тврди дека „нема банди”, утре ќе тврди дека нема ни жртви.

Нема повеќе банди.

Има една. Се вика ВМРО-ОКГ и седи во владата.

СДСМ ќе ја именува. Ќе ја гони политички. И нема да прифати дека Македонија е „чиста од криминал” само затоа што шефот на бандата така рекол.

Уште малку. Доаѓа време на вистина и правда. Граѓаните ќе ја вратат власта во свои раце, а оваа банда ќе одговара – пред независно судство и пред европско обвинителство.

Можете да прочитате

Левица: Невиден апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, уапсено едно лице

ЛДП: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години