
Безбедносна камера снимила две лица кои доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат пожарот и веднаш бегаат од местото на настанот. Снимката на социјалните мрежи е објавена од „Рома њуз“.

Засега нема официјална информација од МВР дали лицата од снимката се идентификувани и дали се преземени мерки за нивно пронаоѓање и приведување.


