Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, Знам и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Gerasimovski Itno Kopce 3 1.jpeg

Најостро и целосно ги отфрламе наводите на „Знам” и советникот од Левица, Куцуловски, за наводна цензура на снимката што во живо беше пренесувана на YouTube-каналот на Општина Центар.

Нема цензура таму каде што сè е јавно. Темата „Батурана” не е ниту скриена, ниту нова. За неа јавно се дебатираше на седници на Советот и на јавна презентација, во присуство на граѓани. Ставовите на советниците се повеќепати јавно изнесени и достапни за секого.


Да се зборува за „цензура” на тема која од почеток до крај се одвива транспарентно е обид за манипулација и свесно пласирање невистини.

Ништо не е сокриено.

Ништо не е избришано.

Да се претставува техничкиот прекин на интернет-врската за време на преносот како цензура, е смешна манипулација со јавноста. Зошто би се криело нешто што граѓаните веќе го слушнале и виделе, а ставовите и изјавите на сите советници се јавно достапни?

Очигледно е дека станува збор за технички пропуст, прекин на интернет врската што е чест случај при вакви стриминзи, а не за некаква цензура. Несериозно и неприфатливо е од технички проблем да се конструира политичка приказна и да се глуми жртва заради собирање евтини политички поени.

Можете да прочитате

Центар домаќин на „Ноќна урбана трка“ – прв општински полумаратон

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Меџити: Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Старата чаршија, денес резултатите се видливи