Утрински Весник
Свет

Моди: Реформата на Советот за безбедност на ОН повеќе не може да се одложува

Modi.webp.webp

Индискиот премиер Нарендра Моди на отворањето на состанокот на шефовите на држави или влади на земјите членки на БРИКС во Њу Делхи, изјави дека реформата на Советот за безбедност на Обединетите нации повеќе не може да се одложува.

Моди рече дека мора да се одредат конкретни рокови и јасни резултати во врска со реформата на Советот за безбедност на ОН.


– Слично на тоа, правото на глас, лидерските позиции и политичките приоритети во финансиските институции мора да бидат во согласност со современите економски реалности – наведе Моди.

Тој нагласи дека земјите кои го движат глобалниот економски раст мора да имаат соодветна улога во обликувањето на системот на глобалното економско управување.

Моди исто така предложи БРИКС да формира служба за итна помош на морнарите.

– Тие даваат огромен придонес во глобалната трговија, но во тешки времиња често немаат поддршка – укажа индискиот премиер.

Моди наведе дека службата за итна помош на морнарите би ги обединила поморските власти и дипломатските мисии на релевантните земји, пружајќи помош во прашања како што се реагирање на повици за помош, пружање медицинска помош, известување на семејствата и евакуации.

Моди исто така предложи БРИКС да подготви план за реформа на системот на глобалното управување.

– Земјите од глобалниот југ се во првите редови на глобалните кризи, но остануваат во втор план кога станува збор за донесувањето одлуки – наведе Моди.

Тој предложи земјите од БРИКС да состават 10 предлози за реформа на системот на глобалното управување за да може до следниот самит да се формулира мапа на патот за реформи во рамките на таа организација.

Можете да прочитате

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Мајами

Трамп не се противи Кина да произведува автомобили во САД

Масовен протест во Даблин против посетата на Доналд Трамп на Ирска