Утрински Весник
Македонија

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Соопштение на ДУИ:

Фаќањето на дело на заменик-директор во Царинската управа со обележани 17.500 евра не може да заврши само со апсење на еден функционер.


Обвинителството потврди дека парите, наводно, биле побарани за користење влијание во две постапки пред Царинската управа. Токму тука започнува главното прашање: во чие име и за чиј интерес било користено влијанието?

Еден заменик-директор не носи одлуки сам, во вакуум. Тој е политички именуван, има политичка хиерархија и луѓе кои го предложиле, поддржале и поставиле на таа функција.

Затоа истрагата мора да оди подалеку од лицето кое ги имало 17.500 евра во раце.

Мора да се истражи улогата и секоја евентуална поврзаност на Мустафа Даути, Билал Касами и Изет Меџити со неговото именување, со постапките за кои бил побаран поткуп и со интересите што стојат зад нив.

Ако овие пари не биле само за него, тогаш граѓаните треба да знаат: за кого ги земал? Кому требало да му ги предаде? Кој стоел над него? Кој требало да има корист од влијанието врз овие постапки?

Касами и Меџити не можат да го затворат овој случај со политичко дистанцирање откако човек од нивниот систем е фатен со обележани пари.

17.500 евра се само врвот на случајот. Сега мора да се открие целиот синџир.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и тоа да биде законски регулирано

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија