Утрински Весник
Економија

Намален бројот на одобренија за градба

Whatsapp image 2026 01 12 at 15.58.32.jpeg

Во  јули  2026 година се издадени  367 одобренија за градење, што е за 8.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за  74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Намалената вредност се должи на фактот дека во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227 (61.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 39 (10.6%) за објекти од нискоградба и 101 (27.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 367 објекти, на 209 (56.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 158 (43.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 248 станови со вкупна корисна површина од 100 440 m2.

Можете да прочитате

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, а да нема пари за 600 евра минимална плата

Авиосообраќајот руши рекорди, бројот на туристи расте: Македонија го отвора патот кон нов економски циклус

Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа Влада