Утрински Весник
Македонија

Стевчо Јакимовски излегува од затвор – Врховниот суд ја укина правосилната пресуда

Img 3411.jpeg

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја укина правосилната пресуда против Стевчо Јакимовски од Скопје и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Одлуката ја донел Советот за казниви дела при Врховниот суд на седница одржана на 9 септември 2026 година, постапувајќи по предметот КВП КОК2-18/26.


Според објавената одлука, Врховниот суд го уважил барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку неговиот бранител, адвокатот Виктор Цветковски од Куманово.

Со одлуката се укинати пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15 мај 2026 година.

Предметот е вратен пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување, што значи дека случајот повторно ќе се разгледува во судска постапка.

Одлуката на Врховниот суд е донесена на 9 септември, а информацијата е објавена денеска, 10 септември 2026 година.

Можете да прочитате

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ

„Платформа 12:05“: Само обединета опозиција може да ги победи десничарските популисти

Филипче: Честитки до граѓаните на Србија за големата победа