Утрински Весник
Македонија

Уапсени 12 возачи за „безобѕирно управување возило“, 11 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол

Struga soobrakaec.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

 Од нив, 11 управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.И.(24), Ф.Б.(24), Б.М.(21), Д.С.(20) и С.Р.(36) од Скопје, С.Ф.(30) од Зелениково, Џ.У.(34) од село во општина Чашка, О.Ф.(41) од крушевско, Ф.В.(24) и Д.М.(31) од Куманово и кумановско. Додека, С.А.(34) од кичевско возел без возачка дозвола и со брзина од 100 км на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 40 км на час. Од слобода е лишен и А.С.(37) од село во општина Илинден бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Ристоска: Ваквата пресуда за „Талир 2“ може да доведе до легализирање на политичката корупција

Побарал над 15.000 евра, зел обележани пари и бегал – уапсен директор на Царина

Клековски: 193 нови лекови на Есенцијалната листа – за првпат контрацепција и терапија за откажување од пушење