Утрински Весник
Македонија

Маж од скопско Марино возел со над три промили алкохол во крвта

Lisen od sloboda zitel na selo vo opstina ilinden upravuval vozilo so 302 promili alkoxol vo krvta vo koe bila pronajdena vozdusna puska image.jpg

На 09.09.2026 во 14:55 часот во с.Марино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија о слобода А.С.(37) од с.Марино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,02 промили алкохол во крвта.

Исто така, при контрола во возилото била пронајдена возушна пушка, која била одземена. 

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можете да прочитате

Клековски: 193 нови лекови на Есенцијалната листа – за првпат контрацепција и терапија за откажување од пушење

Митева: Ниту денар од Буџетот за прославата – 300 милиони денари обезбеди Лотарија

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и Армијата