Утрински Весник
Балкан

За две години во Србија се породиле повеќе од 3.500 тинејџерки, 31 биле помлади од 15 години

Bremenost.webp.webp

Повеќе од 3.500 девојчиња на возраст од 15 до 19 години се породиле во Србија за две години, а меѓу нив 31 девојче било помладо од 15 години, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Статистиката покажува и дека 826 девојки и девојчиња од 15 до 19 години ја прекинале бременоста, додека 16 од нив биле помлади од 15 години, пренесува Бета.


Според последните податоци на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, доставени до весникот „Курир“, во текот на 2023 година се забележани 1.819 породувања кај девојки на возраст од 15 до 19 години, додека во 2024 година таа бројка изнесувала 1.689.

Меѓу девојките од 15 до 19 години во текот на 2023 година се забележани 374 прекини на бременоста, а таа бројка во 2024 година пораснала на 452. Во 2023 година се регистрирани седум прекини на бременоста кај девојчиња помлади од 15 години, додека во 2024 година имало уште девет, односно вкупно 16 за две години.

Можете да прочитате

Вучиќ ги распиша изборите на 25 октомври

Од октомври „Ер Србија“ ги зголемува летовите меѓу Белград и Скопје

Вучиќ денеска распишува избори, ќе се одржат на 25 октомври