
Денес, 7 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден” во Скопје од страна на единицата на Артилерискиот баталјон на Армијата, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.
Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата, кои се реализираат по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста.
Пробната артилериска стрелба, со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија, ќе биде извршена во 18.00 часот.


