
Две лица загинаа, од кои едно дете, во израелски напад врз Појасот Газа вечерва, објавија палестинските здравствени претставници. Претставник на Ал Шифа, најголемата болница во Појасот Газа, изјави дека израелски во воздушен напад погодено било возило во градот Газа, при што загинале две лица, вклучувајќи едно девојче, а повредени се уште шест.
Израелската армија не го коментирала нападот.
Примирјето од октомври 2025 година, кое го поддржаа САД, ги запре големите борби на територијата, но не успеа да ги прекине нападите на израелската војска.
Хамас го обвинува Израел за кршење на прекинот на огнот и поткопување на напорите за спроведување на поширокиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Газа, што вклучува и израелско повлекување и разоружување на Хамас.
Повеќе од 1.300 Палестинци, претежно цивили, се убиени во Газа откако прекинот на огнот стапи на сила минатиот октомври, според палестински здравствени извори, додека израелската војска вели дека се убиени четворица израелски војници.



