Утрински Весник
Свет

Германија најголем производител на пиво во ЕУ во 2025

Bence boros 8t5uav6kkza unsplash.jpg

Во текот на минатата година, земјите од Европската унија произведоа 34,4 милијарди литри пиво, што е мало намалување од 0,7 проценти во споредба со 2024 година, но зголемување од 2,2 проценти во споредба со 2020 година, објави Евростат.

Евростат претходно оваа недела објави дека поголемиот дел од произведеното пиво, дури 32,3 милијарди литри, содржело повеќе од 0,5 проценти алкохол, додека пивото со низок процент на алкохол (под 0,5 проценти) и безалкохолното пиво учествувале со 2,1 милијарди литри.

Во 2025 година, Германија беше водечки производител на пиво во ЕУ, со произведени 7,4 милијарди литри, што е 21,6 проценти од вкупното продадено производство на ЕУ.

Шпанија беше втора, со производство од 5,3 милијарди литри и удел од 15,5 проценти, по што следуваше Полска со 3,5 милијарди литри и удел од 10,2 проценти.

Првите пет земји ги заокружија Холандија (2,4 милијарди литри, удел од 6,9 проценти) и Франција (2,1 милијарди литри, удел од шест проценти).

Можете да прочитате

Израел го нападна јужен Либан, најмалку четворица мртви, 20 повредени

Иранска Гарда: погодивме американски носач на авиони и разурнувач

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва