Утрински Весник
Македонија

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

20260905104138 big 730x400 32.webp.webp

Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на Охридското Езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релација Охрид – Свети Наум,  се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, кај автокампот „Елешец“.

Жртвите беа жители на општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија.

Бродот беше извлечен од езерото на 19 септември 2009 година и одвлечен до каналот Студенчишта, каде што се наоѓа и денес, како нем сведок на трагедијата во која загинаа 15 луѓе. 

Можете да прочитате

Гаши-Ѓокташ: Заеднички заложби за зајакнување на семејството

Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

Лауреат на 11.ИФФ Киненова е добитникот на Сребрената мечка -награда на Големото жири во Берлин, Емин Алпер