Утрински Весник
Македонија

31 пожар на отворен простор, два активни, пет под контрола

Pozar 3.webp.webp

Заклучно со денеска до 07:30 часот на територијата на државава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни, пет се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во: Општина Ѓорче Петров: с. Грачани – пожарот е активен и на територијата на Република Косово (шума); и Општина Македонски Брод: с. Белица, месност Кајорец (нискостеблеста деградирана и мешана шума).

Под контрола се пожарите во: Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селци (нискостеблеста шума); Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Чучер-Сандево: с. Брест, месност Рамно (мешана шума); Општина Кратово: Кратово (депонија); и Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија).

Изгаснати се пожарите:
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума);
Општина Сарај: с. Горна Арнакија (нискостеблеста шума);
Општина Гази Баба: ул. 516 во Стара Комуна (ѓубре);
Општина Арачиново: с. Грушино (депонија);
Општина Сопиште: с. Барово (мешана шума);
Општина Новаци: с. Тепавци (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Битола: ул. „16-та“ во Битола (ѓубре);
Општина Струмица: с. Моноспитово – с. Бориево (депонија);
Општина Радовиш: с. Дамјан (ниска вегетација и грмушки);
Општина Радовиш: с. Подареш (ниска вегетација);
Општина Дојран: с. Фурка (ниска вегетација);
Општина Струга: с. Октиси (стрниште и нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Преглово (стрниште и нискостеблеста шума);
Општините Градско и Лозово: с. Кочилари (Општина Градско) и с. Бекирлија (Општина Лозово) (ниска вегетација и борови насади);
Општина Градско: с. Водоврати (ниска вегетација);
Општина Виница: на влезот во Виница (ниска вегетација);
Општина Кочани: во близина на Меморијалниот центар АСНОМ (ѓубре);
Општина Куманово: населба Карпош (ниска вегетација);
Општина Липково: с. Оризаре (стрниште);
Општина Теарце: с. Глоѓе (ниска вегетација);
Општина Теарце: с. Нераште (ниска вегетација);
Општина Желино: с. Палатица (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Гостивар: с. Чајле (ниска вегетација);
Општина Маврово и Ростуше: планина Бистра, месност Кириловец (ниска вегетација).

Можете да прочитате

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети

Приведен турски државјанин во Охрид за посредување во проституција

Кузеска: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа